петок, 18 октомври 2024

И писателот Бранко Цветкоски поднесе оставка од членство во претседателството на ДПМ

Уште една оставка го потресе Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ). Книжевникот Бранко Цветкоски поднесе неотповиклива оставка од членството во ДПМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Поради непочитување и кршење на статутарните одредби на најголемата писателска организација во Македонија, поради приватизирање и манипулирање со тимското работење и колективниот одлучувачки капацитет на нејзиното претседателство, од страна на претседателот на ДПМ, со што се засили опаѓањето на угледот на асоцијацијата меѓу членството и натамошната деградацијата на писателското достоинство во националниот културен контекст, поднесувам неотповиклива оставка на моето членство во Претседателството“, наведува Бранко Цветкоски во писмениот допис до медиумите.

Цветкоски оставката ја најавил на седницата на претседателството на ДПМ одржана на 4 октомври.

Освен Цветковски, денеска е објавено дека седум членови на друштвото поднесоа оставка од членство во претседателството. Станува збор за писателите Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина  Мијаковска и Александра Јуруковска. Тие не соопштија кои се причините за овој нивен потег, а не е објаснето ниту од претседателот на ДПМ, писателот Христо Петрески.

Оставките сосема сигурно ќе предизвикаат силен потрес во ДПМ бидејќи не се памети ваков случај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ