Според најново објавените податоци на Државната изборна комисија, до овој момент кандидатот на Социјал демократскиот сојуз (СДСМ) Стево Пендаровски има собрано 22. 411, Гордана Силјановска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ 28.029 гласови, Максим Димитриевски од ЗНАМ – 11.602 потписи, Бујар Османи од ДУИ – 11.085, Стевчо Јакимовски од ГРОМ – 11.093 потписи, Арбен Таравари од Вреди 10.710 потписи и Билјана Ванковска Цветковска од Левица 10.469.
Сите останати пријавени кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи – кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 1.684, кандидатот Вело Марковски – 1.509 потписи, Ѓорѓи Манасков – 453, Зорица Цветковска, кандидат на Десна – 233, Господин Попоски – 133 потписи, а според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.
За Гоце Ристов и Томе Николоски нема податоци за кои лица се работи со оглед на тоа што за иницијативата да се поднесе не мора да се дадат други, освен лични податоци.
Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.
Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.