Присутните новинари и претставниците на јавноста на ова судско рочиште беа приморани да ја напуштат судницата. ЕФН, понатаму, ја поддржува правната постапка што ја поведе ЗНМ против оваа одлука.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поднесе барање до Судскиот совет за оспорување на одлуката на судијката Јованка Спировска Панева. Случајот е дел од тужбата за навреда и клевета што Кочо Анѓушев ја поведе против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и главната уредничка Сашка Цветковска за истражувањето насловено како „Заговор против воздухот“ објавено на 16-ти мај 2021 година.
ЕФН и ЗНМ сметаат дека не постои легитимна правна основа за одлуката на судијата. Исклучувањето на новинарите и другите набљудувачи покажува намера за цензура во случај кој ја засега слободата на изразување, но и правото на граѓаните на Македонија да бидат информирани за сериозна закана по јавното здравје.