По потпишувањето на Преспанскиот договор се обидувавме да пишуваме за тоа дека македонските дипломати, вработените во македонското Министерство за надворешни работи се обврзани во секоја прилика да реагираат на употребата на оваа придавка. На почетокот бевме сведоци на неколку такви успешни реакции по светските медиуми кои македонскиот народ го напишаа како „северномакедонски“ народ, кои за претседателот на Македонија известуваа дека се работи за „северномакедонски“ претседател, кога за македонската фудбалска репрезентација пишуваа „северномакедонската“…, но тоа беше сè. Денес со тоа во македонското Министерство за надворешни работи веројатно никој и не се ни занимава.
Напротив. Сега и дипломатите чиј шеф на дипломатијата им е Бујар Османи немаат никаков проблем на официјалните соопштенија да пишуваат „северномакедонски“.
А имаат упатсво. На интернет страницата на МНР уште стои упатството за начинот на употребата на Северна Македонија и забраната за изведување на придавка од тоа.
Од македонската Влада велат дека тие се посветени во имплементацијата на Преспанскиот договор и дека се упорни во спроведувањето на договореното, а тоа е постојано да се укажува на несоодветната примена на терминот северномакедонски.
Стравувањата дека новото име нема да остане само прашање на географска одредница, туку длабоко ќе навлезе во идентитеските прашања – се остваруваат.
Од пред пет дена и од страна на македонските дипломати.
А.Д.
Еве и еден бонус за МНР. Дојче веле неодамна во прилог за македонскиот ајвар исто така немаа никаков проблем со употребата на „северномакедонски“.