петок, 18 октомври 2024

И Бочварски ја поддржа иницијативата за конфискација на дивоградбите на Герасимовски

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа иницијатива доби целосна поддршка од Управниот одбор на ЗЕЛС, а истата минатата недела му ја претставив и на министерот за правда, Кренар Лога, од каде исто доби недвосмислена поддршка. Наместо да се занимаваме со развој на општината, ние треба да рушиме објекти, за чие рушење општината нема доволно средства. Намерата на оваа иницијатива е да се интервенвира во два закони: Закон за постапување на бесправни објекти и Законот за управување со конфискуван имот“, посочил градоначалникот Герасимовски, стои во соопштението од Општина Центар.

На министерот Бочварски тој му ја претставил и ситуацијата со решавањето на нелегалните објекти во Албанија, особено во крајбрежјето, за што во тој случај е формирано Национално тело – инспекторат, со надлежности за рушење и конфискација на нелегално изградените објекти.

Според министерот Бочварски, се наведува во соопштението, клучни се три моменти, односно зајакнување на инспекциските служби, зголемување на казните за бесправно градење како и ангажирањето на приватни правни лица, кои ќе делуваат како надворешни инспектори, под договор со општините.

„Одземањето на објектите сметам дека нема целосно да го реши проблемот. Но застанувам позади иницијативата и сметам дека е добро да се отвори широка дискусија на оваа тема. Според мене, иницијативата е добра, но треба да се доработи во одредени делови. Клучно е да се зајакнат инспекциските служби, да се интервенира во Законот за градежно земјиште со зголемување на глобите и ангажирање на надворешни компании кои би им помагале на општинските служби во справувањето со објектите од втора категорија“, подвлекол Бочварски, додавајќи дека еднаш мора да се каже „стоп“ на нелегалното градење.

Градоначалникот Герасимовски со министерот Бочварски дискутирале и за иницијативата 70/30, со која во постоечкиот Закон за градежно земјиште доколку некој поседува 30 проценти од земјиштето, да може да ја дооформи парцелата со останатите 70 проценти.

„Направивме предлог иницијатива да се смени таа бројка и доколку имате сопственост 70 проценти, да можете да ги дооформите и останатите 30 проценти. Оваа иницијатива минатата година ја доставив до ЗЕЛС од каде доби едногласна поддршка и веќе е доставена на разгледување во Министерството за транспорт и врски, од каде наскоро очекуваме и конкретен одговор и чекори за понатамошно делување“, порачал Герасимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ