недела, 20 октомври 2024

Хутите: Спремни сме за општа војна со Големата Сатана. Јемен ќе бидат гробишта за Американците

Висок член на јеменски бунтовници Хути, кои ги поддржува Иран, се закани дека ќе го претворат Јемен во „гробишта за Американците“ по најновите американски воздушни напади на цели на Хутите.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Јеменските лидери, оружените сили и народот се целосно спремни да влезат во директна и општа војна со Големата Сатана за да ја одбранат Палестина“, кажа Али ал Кахум во интервју за иранската државна новинска агенција ИРНА користејќи погрдни зборови за Соединетите Американски Држави.

По најновите американски напади Ал Кахум предупреди: „По оваа агресија Јемен ќе се претвори во гробишта за Американците и тие понижени ќе го напуштат регионот“.

Повеќе од три месеци по почетокот на војната во Газа расте загриженоста дека конфликтот ќе се прошири во регионален. Во последните недели шиитските Хути во повеќе наврати напаѓаа бродови во Црвено Море на пат кон Израел. Како одговор САД и сојузниците бомбардираа позиции на милитантната група во Јемен. Во меѓувреме иранскиот министер за надворешни работи Хосен Амирабдолахијан уште еднаш ги отфрли обвинувањата дека неговата земја е директно вмешана во нападите.

„Силите на отпорот во регионот, вклучувајќи го Јемен, дејствуваат независно и во рамките на своите интереси“, кажа иранскиот министер вчера. Хутите себеси се гледаат како дел од таканаречената „оска на отпорот“, мрежа во борбата против Израел, заедно со другите групи во регионот кои се во сојуз со Техеран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ