сабота, 26 октомври 2024

Хрватска: Уставниот суд го предупреди Милановиќ дека не може да се кандидира на парламентарните избори

Уставниот суд на Хрватска објави предупредувањето во врска со најавата на претседателот Зоран Милановиќ дека ќе се кандидира на парламентарните избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ, додека ја врши таа должност, не смее да учествува во политичките активности на ниедна партија“, објави претседателот на Уставниот суд Мирослав Шепаровиќ на конференција за медиумите на која ја објасни одлуката за предметот на денешната седница на Уставниот суд.

Милановиќ претходно најави дека ќе се кандидира на изборите за пратеници во Хрватскиот сабор.

Шепаровиќ потсети на сите обврски кои претседателот на Хрватска ги има според уставот.

„Кандидирање на претседателот на листа на која било политичка партија за избор и негово истакнување како кандидат е неспоиво со неговата уставна позиција и принципот на поделба на власта. Ако тргнувајќи од неговите изјави се кадидира за време на вршењето на должноста, веднаш мора да поднесе оставка“, кажа Шепаровиќ.

Уставниот суд ги прозва Милановиќ и неговата партија СДП веднаш да престанат со активностите кои се спротивни на уставот, а Државната изборна комисија да обезбеди одржување на изборниот процес во согласност со правилата.

Девет судии биле за оваа одлука, а двајца против, кажа Шепаровиќ.

„Очекуваме сериозност и одговорност од сите актери во овој процес и очекуваме да се постапи според предупредувањето на Уставниот суд“, истакна тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ