недела, 27 октомври 2024

Холандија: Завршена заложничка драма, уапсен е човекот кој држеше луѓе во ноќен клуб (ВИДЕО)

Заложничката драма во ноќен клуб на истокот на Холандија заврши кога полицијата уапси маж облечен во фантомка откако излегол од ноќниот клуб, јавува Ројтерс.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Последниот заложник штотуку е ослободен. Едно лице е уапсено“, се вели во соопштението на полицијата. „Не можеме да споделиме повеќе информации во овој момент“.

Ројтерс пренесува дека новинарите на местото на настанот рекле дека мажот го напуштил ноќниот клуб со кренати раце, дека бил приведен и ставен во полициско возило.

Специјални полициски единици биле распоредени на местото на настанот, во зграда во центарот на градот Еда, за да се справат со заложничката ситуација, објави полицијата на социјалните мрежи.

Полицијата претходно соопшти дека нема индиции за терористички мотив.

Луѓето во ноќниот клуб ги држел маж со пиштол и експлозиви, објави националниот весник Телеграф, цитирајќи неколку анонимни извори.

Би-би-си претходно објави дека неколку луѓе биле земени како заложници.

Локалните медиуми претходно објавија дека маж рано утрото влегол во просториите на кафулето „Петикоат“ во Еде, заканувајќи се дека ќе се разнесе.

Полицијата претходно потврди дека три лица се ослободени, но тогаш изјави дека „ситуацијата сè уште не е завршена“.

Евакуирани биле жителите на околу 150 куќи низ целата област, а центарот на градот бил затворен.

„Заложничка ситуација во која се вклучени неколку лица е во тек во зграда во центарот“ на градот Еда, соопшти полицијата претходно во соопштение на социјалната мрежа Икс.

Полицијата потоа додаде дека го отстранила кордонот околу клубот и побарала од јавноста да се држи подалеку од местото на настанот.

Заложниците биле вработени лица, изјавил за весникот Телеграф сопственикот на локалот.

Холандската телевизија НОС соопшти дека три „видливо емотивни“ луѓе облечени во униформи на персоналот можеле да се видат како заминуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ