Затоа организацијата ја повика украинската влада да ја почитува својата заложба да не користи такво оружје и да бара одговорност од оние што стојат зад тоа.
Наодите на ХРВ беа проследени до украинската влада минатиот месец, но досега не добивме одговор, соопшти организацијата. Во 2005 година Украина го ратификуваше меѓународниот договор од 1997 година со кој се забранува употребата на таквите мини и се наложува уништување на нивните резерви.
„Русија не се приклучи на договорот, но нејзината употреба на противпешадиски мини го прекршува меѓународното хуманитарно право бидејќи станува збор за неселективно оружје“, соопшти ХРВ. Противпешадиските мини се активираат при контакт или непосредна близина и може да бидат фатални за цивилите и долго по завршувањето на конфликтот.