среда, 27 ноември 2024

Хезболах потврди: Израелците синоќа убија четворица наши борци

Исламистичката проиранска група Хезболах денеска објави дека загинале четворица нејзини борци во јужен Либан, вклучително и локален функционер, со што нивната загуба во конфликтот со Израел во последните три месеци достигна 129 загинати борци. Според извор близок до шиитското движење, четворица борци биле убиени синоќа во пограничниот град Накура.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според официјалната новинска агенција (АНИ), израелските воздухопловни сили извршиле напад врз областа Накура. Вчера Хезболах објави дека пет борци загинале во борбите во јужен Либан.

Од 8 октомври, ден по масакрот на израелските цивили од страна на Хамас и почетокот на војната што следеше меѓу Израел и исламистичкото сунитско движење, Хезболах секој ден го гранатира Израел од јужен Либан како поддршка на Хамас.

Лидерот на Хезболах, Хасан Насрала го предупреди синоќа Израел, по нападот во кој беше убиен уште еден човек на Хамас, Салех ал-Арури, да не започне војна во Либан, уверувајќи дека неговата формација ќе се бори „без ограничувања“.

Хасан Насрала го изјави ова еден ден по нападот што му се припишува на Израел, во кој беа убиени Салех ал-Арури и шест други водачи на групата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ