понеделник, 16 септември 2024

Хезболах истрела 30 ракети врз северен Израел

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека про-иранската вооружена група Хезболах го нападнала северниот дел на Израел во текот на ноќта.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Околу 30 ракети утринава се истрелани од Либан кон областа Мерон на северот на Израел, соопшти израелската армија.

Сите ракети паднале на отворена област и нема жртви, се наведува во соопштението, пренесува Тајмс оф Израел.

Војската, исто така, соопшти дека извршила напад во текот на ноќта врз ракетен фрлач на Хезболах во Либан и објави видео од моментот на ударот.

Израелските одбранбени сили соопштија дека Израел одговорил со напад на уште еден ракетен фрлач на Хезболах.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ