понеделник, 25 ноември 2024

Харадинај ја повика опозицијата да ја смени владата на Курти

Објавено на

часот

Сподели

Харадинај истакна дека е зголемен бројот на оние кои сметаат дека актуелната власт му штети на Косово.

„Почитувани граѓани, денеска се зголеми бројот на оние кои веруваат дека Курти и неговата влада се катастрофа за Косово. Имаме критична маса која се согласува дека е потребно што побрзо да се излезе од оваа ситуација. Едната партија бара избори за да се запре ова зло, а другата бара нов излез од оваа ситуација“, напиша Харадинај на Фејсбук.

Тој ѝм порача на опозициските партии дека „ако се искрени во ставот дека оваа влада треба да се запре по секоја цена бидејќи го уништува Косово, тогаш треба да разберат дека единствениот начин да се оствари тоа е да се поддржи предлогот на Алијансата, а тоа е гласање недоверба на владата на Курти“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ