Хантер Бајден сега е обвинет дека не платил данок од 1,4 милиони долари.
Синот на Џозеф Бајден е обвинет за три кривични дела и шест прекршоци поврзани со затајување на данок, според обвинението поднесено во четвртокот пред окружниот суд во Калифорнија.
Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 17 години, објави Ројтерс.
Министерството за правда соопшти дека истрагата против Хантер Бајден е во тек.
Министерството тврди дека синот на Бајден учествувал во четиригодишна шема за да избегне плаќање на федерални даноци од најмалку 1,4 милиони американски долари од 2016 до 2019 година.
Се додава дека наместо тоа, тој потрошил огромни суми пари на, како што се вели, дрога, девојки, луксузни хотели и имоти за изнајмување, автомобили, облека и други предмети, вклучително и повеќе од 70.000 долари за програми за одвикнување од дрога.
Не е јасно кога Хантер Бајден ќе се појави пред судот.
Во обвинението се наведува дека тој остварил големи профити додека работел во одборите на директорите на украински индустриски конгломерат и кинески приватен инвестициски фонд.
Хантер Бајден и претходно се соочуваше со обвиненија за затајување данок, а во октомври пред судот во Делавер се изјасни за невин по обвинението дека лажел дека не користел дрога при купувањето пиштол.