На 29 март во петок се отвора новиот трговски центар Џевахир мол Скопје, проект со кој што ја заокружувате Скај сити инвестицијата во Општина Аеродром. Што ќе понудите за посетителите на Џевахир мол Скопје?
-Во Џевахир мол Скопје, ќе понудиме разновидност и нови искуства за сите наши потрошувачи, пред се задоволувајќи ги нивните секојдневни потреби, шопинг и урбано место за дружење во слободното време. Се потрудивме да привлечеме нови брендови, нови имиња на македонскиот пазар како што се турскиот бренд за детска облека „Панчо“, водечкиот турски моден бренд за мажи „Луфиан“, изложбениот салон за автомобили на „Гили“, гигант во автомобилската индустрија, и сето ова за првпат во Џевахир мол Скопје. Другите значајни брендови кои ќе бидат дел од овој мол се хипермаркетот Кит-го, Синсеј, ДеФакто, ДМ, Сара фешн, Просветно дело и Playground игротеката за најмладите посетители. Брзото темпо на живеење и потребите на потрошувачите налагаат интегриран комплекс како што се Џевахир скај сити и Џевахир мол. На тој начин носиме на чекор од домот сè што им е потребно на луѓето, од домување, шопинг, место за одмор и рекреација, спортување, дружење со најблиските или пак канцелариски простор за бизнис.
Што го прави овој трговски центар поразличен од останатите?
-Луѓето бараат нови искуства, нови понуди од она што веќе го има во останатите молови, а Џевахир мол Скопје беше реална потреба за овој дел од градот. Место каде покрај шопинг искуството кое ќе им го понудиме на потрошувачите, ќе имаат ново урбано место во општина Аеродром за дружба, да поминат време со најблиските или едноставно да уживаат додека купуваат. Но она што е уште поважно, Џевахир мол Скопје е повеќе од трговски центар, туку е дел од локалната заедница. Токму затоа и веруваме во концептот дека „Во Џевахир мол Скопје, вие не сте само купувач, туку сте дел од оваа инклузивна заедница“. За посетителите ќе понудиме програма со содржини за сите, за најмалите, за младите и за возрасните, поттикнувајќи чувство на заедница и соживот. Во целиот овој процес активно ќе бидат вклучени брендовите во Џевахир мол Скопје, локалната заедница, потрошувачите и малите локални бизниси.
Разновидност, домашни и странски брендови, многу нови имиња, поинакво шопинг искуство, но помеѓу сето ова и сите овие содржини се гледа и друга димензија што ја развивате, што е тоа и како ќе ги привлечете граѓаните?
-Место за социјализација, место за занимација и место во кое посебен акцент се дава на локалната уметност и младите таленти. Кога го создававме проектот Џевахир скај сити како мултифункционален концепт и Џевахир мол како дел од него, сакавме да понудиме простор кој што го надминува концептот на шопинг мол во традиционална смисла и дава димензија на културен и социјален центар во рамките на шопинг искуството за сите посетители. Од оваа појдовна точка ги креиравме и содржините коишто ќе ги понуди новиот Џевахир мол. Во блок Ф или како што ние ја нарекуваме „Писта“ се наоѓаат Франк урбан кафе и Бабилон кафе и долгата променада помеѓу трговскиот и Скај сити висококатниците. Џевахир мол ќе биде домаќин и на првата „Concept Room“ галерија во трговски центар, катче наменето за творење и изложбен простор на локалните уметници од Македонија. Кога говориме за уметност, не може да не се спомене и импресивниот мурал на фасадата на Џевахир мол Скопје како најголем во градот и ќе биде секојдневна атракција за посетителите на молот. Сето ова, но и многу други активности коишто планираме да ги реализираме во иднина, верувам дека ќе придонесат Џевахир Мол Скопје да биде првиот избор за жителите кога бираат каде да го поминат слободното време во текот на денот.
Мурал на вкупна површина од 4.000 метри квадратни што дава ново обележје на градот со најголем мурал во Македонија и еден од најголемите во Источна Европа. Од каде идејата за ваков проект?
-Фокус беше да понудиме нешто несекојдневно, нешто поразлично од трговски центар со класична, традиционална фасада и пред се да создадеме нешто што ќе биде белег на Општина Аеродром и Скопје. Така се појави и идејата за муралот кој го прави Џевахир мол Скопје многу повеќе од обичен трговски центар. Фокус дадовме на уметноста и културата покрај модните брендови, дел од нив веќе активни на македонскиот пазар, но и нови кои за првпат ги носиме во Џевахир мол Скопје. Во соработка со Лазе Трипков, професор по арт и дизајн, отворивме повик за студентите од неговата катедра за избор на уметнички дизајн којшто ќе биде пресликан во мурал на целата фасада на трговскиот. Оригиналноста која ја покажаа младите уметници коишто учествуваа во натпреварот е за почит и навистина беше тежок избор, иако победничкиот дизајн на Лара Маринковиќ, којшто сега може да се види на фасадата на Џевахир мол Скопје како совршено уметничко дело е нешто посебно.
Џевахир мол Скопје е дел од мултифункционалниот комплекс Sky City четири висококатници, први од ваков вид во Македонија и регионот. Каков е интересот кај граѓаните за живеење во ваков тип на комплекс?
-Интересот кај граѓаните за живеење во мултифункционалниот комплекс Скај сити, со интегрираниот трговски центар и висококатниците, е неоспорно голем. Овој уникатен развој претставува пионерски концепт во Македонија и регионот, нудејќи комбинација од станбени, комерцијални и рекреативни објекти, сите во една поврзана заедница. Огромниот интерес кај граѓаните кон овој тип комплекси може да се припише на неколку клучни фактори, а тоа е удобност, чувство на заедница и социјална интеракција, урбан начин на живот, задоволување на сите секојдневни потреби и тоа на чекор од домот и сигурноста и безбедноста која што ја нуди Џевахир скај сити за станарите.
Фактот дека становите во првите три кули беа целосно распродадени за многу краток рок по пуштањето во продажба, ја нагласува големата побарувачка за станови во комплексот и интересот за токму ваков тип на домување. Минатата година ја пуштивме во употреба и последната кула Блок Д и можам да кажам дека за неколку месеци имавме над 80% распродадени станбени единици. Со пуштањето и на трговскиот центар сега во петок успешно ја заокружуваме оваа приказна наречена модерен мултифункционален комплекс Џевахир скај сити.