понеделник, 22 јули 2024

Халки штедна книшка како подарок за крајот на успешната учебна година

Објавено на

часот

Сподели

Детското штедење Халки е еден од најпрепознатливите производи на Халкбанк АД Скопје, и истиот е наменет да им ги обезбеди на семејствата потребните алатки и ресурси за да започнат патување кон финансиска независност и просперитет на своите деца. Со отворање на детски депозит, се зголемува навиката за штедење и со дополнителни уплати на депозитот се создава посигурна и посреќна иднина за најмладите.

Минималниот износ за отворање денарски детски депозит во банката изнесува 1.000 денари додека штедењето во евра може да започне со износ од 20 евра. Постапката е едноставна, со оглед на тоа што потребни документи за отворање детски депозит се лична карта или пасош од законскиот застапник – родител или старател и извод од матична книга на родените на детето. За секој новоотворен депозит, малите штедачи добиваат дизајнирана детска штедна книшка и брендиран Халки подарок.

При штедење во денари, номиналната годишна каматна стапка изнесува 2% за период од 25 месеци, 2,5% за 36 месеци, 3% за 48 месеци и 3,5% за вкупен период од 60 месеци, односно 5 години. Кога се штеди во евра, каматата изнесува 1% за 25 месеци, 1,5% за 36 месеци, 2 проценти за период од 48 месеци и 2,5% за 60 месеци.

Каматата за овој тип на штедење се исплаќа на крајот на периодот на орочување. Кај овој производ може да се вршат дополнителни уплати на депозитот и тоа на шалтерите на банката, со траен налог и преку електронско банкарство на родителот. Делумно повлекување средства пред истекот на периодот на орочување не е дозволено. За овој тип депозит можете да аплицирате и онлајн по што ќе бидете исконтактирани од страна на вработените на Банката за дополнителни информации.

Повеќе информации за Детското штедење Халки се достапни на следниот линк.                                                        

                                                                                                                                                     Комерцијален текст

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ