сабота, 26 октомври 2024

Хаити: Полицијата ликвидираше познат водач на банда

Полицијата на Хаити го уби истакнатиот водач на банда Ернст Хулме, познат како Ти Грег, кој побегна од затвор на почетокот на овој месец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ернст Хулме бил шеф на криминалната група Делмас 95, која е дел од сојузот банди предводен од Џими Шеризиер познат како Барбекју, пренесува Скај њуз.

Полицијата го застрела Хулме во населбата Петион-Вил во главниот град Порт-о-Пренс, еден ден откако водачот на друга банда, Макандал, бил убиен од група одметнати криминалци, потврдија локални полициски извори за Ројтерс.

Вонредна состојба беше воведена на Хаити на 3 март, откако водачот на бандите Шеризиер ги повика сите криминални групи да се обединат и да го соборат премиерот на земјата, Ариел Хенри.

Нападите на бандите врз клучните владини установи започнаа на 29 февруари низ Порт-о-Пренс, при што вооружени криминалци ги запалија полициските станици, го затворија главниот меѓународен аеродром „Тусен Лувертур“ и извршија рација во двата најголеми затвори во земјата, ослободувајќи 4.000 затвореници.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш вчера го поздрави изборот на членовите на преодниот совет на Хаити, кој треба да ги преземе претседателските овластувања пред најавените избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ