недела, 27 октомври 2024

Гутереш: Газа изгледа како четворицата коњаници на Апокалипсата да галопираат ширејќи војна, глад и смрт

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вчера побара од Израел да дозволи помошта да стигне до Појасот Газа и повторно апелираше за итен прекин на огнот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кога ќе ја погледнете Газа, изгледа како четворицата коњаници на Апокалипсата да галопираат, ширејќи војна, глад, освојување и смрт“, рече Гутереш во Каиро, на заедничката прес-конференција со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.

Тој додаде дека целиот свет верува дека сега е „крајно време пушките да замолчат и веднаш да се воспостави прекин на огнот“.

Гутереш вчера се сретна и со претседателот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси, придружуван од шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини.

Пет и полмесечната разорна војна ја доведе Газа во катастрофална хуманитарна ситуација.

Во саботата во Египет, за време на обиколката на граничниот премин Рафа лоциран на југот на палестинската територија, Гутереш рече дека жителите на Газа се „заробени во бескраен кошмар“.

Израел воведе целосна опсада на Газа на 9 октомври и строго ја контролира помошта, која доаѓа главно од Египет, преку Рафа. Оваа контрола го ограничува и го намалува, како што тврдат ОН, бројот на камионите што влегуваат на палестинска територија.

Гутереш ја пофали клучната политичка и хуманитарна улога на Египет во донесувањето на мошне потребната помош за Газа.

Египет е првата арапска земја што го призна Израел и е традиционален посредник меѓу Израелците и Палестинците.

Заедно со Катар придонесе за воспоставување прекин на огнот на крајот на ноември и размена на околу 100 израелски заложници за 240 палестински затвореници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ