недела, 27 октомври 2024

Грузиската влада сака да забрани промена на полот, геј бракови и паради

Грузиската владејачка партија претстави предлог-закон со кој ќе се ограничат правата на членовите на ЛГБТ заедницата, а нејзините политички противници сметаат дека е обид да се привлечат гласачи пред изборите во октомври.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нацрт-законот ќе забрани промена на полот и посвојување од страна на истополови парови, како и собири насочени кон популаризација на истополовите семејства или интимните врски“, се вели во резимето објавено од владејачката партија Грузиски сон.

Мамука Мдинарадзе, нејзиниот лидер во парламентот и еден од најодговорните за законот, рече дека е неопходно „да се заштитат семејните вредности и нашите идни генерации од псевдолибералните вредности“.

Тбилиси Прајд ЛГБТ организацијата го нарече предлогот „хомофобичен“ во објава на Фејсбук. Грузиската опозиција тврди дека анти-ЛГБТ агендата на Грузискиот сон е обид да се придобијат конзервативните и неопределени гласачи и да се сврти вниманието од економските проблеми пред парламентарните избори во октомври.

Грузискиот сон е пред другите партии во анкетите, но ја губи поддршката од 2020 година, кога победи со минимално парламентарно мнозинство. Мдинарадзе најавува дека мерката ќе биде воведена по изборите.

Грузија, претежно православна земја, е крајно социјално конзервативна. Истражувањата покажуваат дека огромно мнозинство од населението не ги поддржува истополовите врски.

Во последниве години, годишната парада на гордоста во Тбилиси стана настан кој физички е напаѓан од демонстранти на крајната десница. Грузискиот устав ги забрани истополовите бракови во 2018 година.

Грузиската новинска агенција Интерпрес ги пренесува зборовите на Мдинарадзе, кој тврди дека со мерката ќе се забрани одржување на паради на гордоста и носење на знамето на виножитото.

Партијата Грузиски сон е основана од Бидзина Иванишвили, најбогатиот Грузиец кој своето богатство го стекнал во трговија со метал и банкарство во Русија во 1990-тите. Иако олигархот и поранешен премиер се повлече од политиката, аналитичарите сметаат дека тој сепак има големо влијание врз тамошниот политички живот. Партијата во Грузија се смета за проруски ориентирана.

Во декември Грузија доби статус на кандидат за членство во Европската унија. Во последниве години, критичарите во земјата и западните држави ги критикуваа владите на Грузискиот сон за нивните наводни авторитарни тенденции и прекумерна блискост со Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ