петок, 18 октомври 2024
ОЈО ГОКК ја обелодени истрагата „Феникс“

Груевски, Ставрески, Канческа, Тодоровиќ, Аларова, Здравев, дел од осомничените за набавка на 10 споменици од „Скопје 2014“

Објавено на

часот

Сподели

Врз основа на прибавените докази, како што дополни, произлегло основано сомнение дека од втората половина на 2007 година до крајот на 2013 година во Скопје, првоосомничениот, искористувајќи ја својата реална моќ како претседател на Влада на Република Македонија и претседател на политичка партија што тогаш била на власт, заедно со своите блиски владини и партиски соработници – заменик претседател на Влада и министер за финансии, државен секретар во Министерство за култура, а подоцна и министер, тогашен Претседател на Советот и советник во Општина Центар, градоначалник на Општина Центар и други лица се поврзал со цел остварување политичка и финансиска корист.

„Имено, под превезот на историското и државотворното значење на личностите за кои се подигнуваат споменици, осомничените започнале со реализација на проект познат во јавноста како „Скопје 2014“ за кој реално не постои писмен документ, одлука, проект или програма на надлежен државен орган. Преку Министерството за култура и третоосомничената се подготвувале и поднесувале иницијативи за изградба на споменици под изговор дека се работи за спомен обележја од локално значење за жителите на Општина Центар. Иако станувало збор за личности кои се од значење на државата, иницијативите за подигнување на споменици се поднесувале пред Советот на општина Центар и како резултат на тоа започнале и се спроведувале постапки за подигнување на меморијални споменици за кои единствено надлежно согласно закон е Собранието на Република Македонија, објави на денешната прес конференција надлежниот обвинител Љубомир Лапе.

Тој уште кажа дека истрагата се водела и со меѓународна правна помош во пет други држави во светот.

„Од втората половина на 2007 година, првоосомничениот (Никола Груевски) искористувајќи ја службената положба како претседател на Владата, како и тогашниот советник и градоначалник на Општина Центар, се приврзале за добивање значајна корист. Осомничените почнале со реализација на проект ‘Скопје 2014’ за кој не постои програма, документ од надлежен орган. Иако станувало збор значајни за државата, иницијативите се поднесувале пред Совет на Општина Центар, па се отпочнувале постапки за меморијални споменици за кое единствено надлежно е Собранието. Осомничените потпишувале незаконски владини одлуки и трансферирале средства во Општина Центар. Осомничените си обезбедиле финансиски средства, вкупен износ од 57,6 милиони евра“, објави надлежниот обвинител Љубомир Лапе.

Меѓу спомениците за кои се води постапката се „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“, лавовите на мостот Гоце Делчев,  потоа спомениците на Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Цар Самоил, Првото заседание на АСНОМ. За сите нив заедничко е тоа што се изработени од иста фирма во Италија како подизведувач на работите за кои во Македонија биле избирани други фирми.

лапе

Како што објасни Лапе, ако во Македонија за еден споменик биле издвојувани 4,7 милиони евра потоа осомничените работата му ја давале на подизведувачот, италијанска фирма, која ги изработувала спомениците за двојно помала цена или 2,3 милиони евра.

„Разликата во овие суми е всушност предмет на истрагата односно стореното кривично дело перење пари“, рече Лапе.

 

Според него, Груевски, Ставрески, Канческа-Милевска и Здравев без да постои одлука на Владата за проект наречен „Скопје 2014“, преку министерството за култура иницирале поединечни проекти за кои незаконски од Буџетот на РМ одвојувале пари кои биле префрлани на сметката на општина Центар. Осомничените градоначалници Тодоровиќ и Аларова ги прифаќале со образложение дека станува збор за капитални дотации со што ја злоупотребиле службена положба и овластување.

„Петто и шесто осомничените како градоначалници на Центар, четврто осомничениот како претседател на Советот на Центар, при вршењето на јавни набавки, направиле продолжено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Тие спровеле незаконски јавни набавки. При изборот прифатиле понуди со нереални цени.. Италијанскиот државјанин потпишувал договори иако немале дејност леење и изработка на мебел. Со поддоговори, тој лажно прикажувал дека ги изработувал, а работите ги префрлал на други правни лица. Тие спровеле незаконити јавни набавки за изборот на леарница. При изборот прифатиле понуди со нереални цени од економски оператор кој самостојно не ги исполнувал условите, ниту имал комплетни понуди, а ги отфрлале сите останати. Во овие дејствија биле помогнати од осмоосомничениот италијански државјанин, кој им ги ставил на располагање неговите правни лица, преку кои во име на повеќе правни лица поднесувал однапред договорени понуди и потпишувал договори, иако знаел дека дел од нив воопшто немаат регистрирано дејност за леење или за обработка на мермер. Подоцна, изработката на спомениците со поддоговори ја пренесувал на сосема други леарници, но за многу пониски цени и лажно прикажувал дека изработката е од неговите правни лица, појасни тој, дополнувајќи дека со преземените дејствија осмоосомничениот како управител и сопственик и две правни лица од Р. Италија прибавиле за себе значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 16.136.150 евра“, кажа Лапе.

На прашањето колку време ќе се чека за обвинение, обвинителот одговори дека не знае бидејќи истрагата е во тек и се чека на други докази од странски држави.

Обвинителството бара притвор за седум од осомничените, а за другите побара куќен притвор но и замрзнување на сметки и имоти, како и удели во компании.

 

 

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ