петок, 18 октомври 2024

Груевски: Нимиц во Македонија може да дојде кога сака!

Објавено на

часот

Сподели

Последната рунда разговори за името ги потврди моите претпоставки дека Грција само купува време, изјави премиерот Никола Груевски на денешното отворање на спортската сала „Македонско сонце“.

– Беше јасно дека Нимиц сакаше да дојде, но не наиде на соработка од грчката страна. Ние сме подготвени да го пречекаме на кој било  датум, но да видиме дали Грците ќе соработуваат.
Премиерот изрази жалење што Грција на таков начин купува време и ги одбива средбите.
Груевски рече дека Македонија ќе продолжи да работи за влегување во НАТО и во ЕУ. „Убеден сум дека овој однос на Грција не може вечно да трае, како и толеранцијата што ја имаат од партнерите и од сојузниците. Еден ден на оваа игра на Грција мора да ѝ биде ставен крај“, рече Груевски.
Прашан за коментар за изјавите на Филип Рикер,  заменик-помошник на државниот секретар, дека е потребно повеќе храброст за решавање на проблемот, Груевски одговори дека и другите земји-членки на НАТО треба да имаат храброст и да ја прифатат пресудата на Меѓународниот суд на правдата.
За грчките обвинувања за вевчанскиот карневал, премиерот оцени дека наведувањето на вевчанските маски како причина да се одложат разговорите за надминување на еден од најголемите проблеми на Балканот, како и залажувањето на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, не е ништо друго освен една поголема пародија од таа во Вевчани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ