На снимката, објавена на Икс (Твитер), направена од Украинци, се гледаат околу 15 уништени возила „бредли“. Оклопните возила, кои Соединетите Американски Држави ѝ ги испорачаа на Украина во април, беа во првите борбени редови на долго најавуваната и сега веќе пропадната контраофанзива на украинските сили.
Според Јуроњуз, 16 возила „бредли“ биле уништени уште во првите денови на контраофанзивата. Со интензивирањето на конфликтот, надвор од употреба биле исфрлени уште повеќе вакви возила.
Се проценува дека најмалку 30 оклопни возила „бредли“ се уништени, а уште триесетина возила се оштетени во шесте месеци на обиди на Киев да ги потисне руските сили од украинската територија. Едно вакво возило чини околу два милиони долари.