вторник, 22 октомври 2024
Не престанува грчкиот притисок врз Македонија

Грчкото МНР ги обвини Сиљановска Давкова и Мицкоски за иредентизам

Раководството на Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа. Дополнително, се враќа на дејствија од минатото кои алудираат на иредентистичко расположение и целосно непознавање на историјата, соопштија денеска од Министерството за надворешни работи (МНР) на Грција.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението пишува дека министерот за надворешни работи на Грција „пред неговите колеги во рамките на Советот за надворешни работи веќе детално ги покрена соодветните прекршувања и ќе продолжи да го прави тоа“.

„Дополнително, прашањето се покренува на меѓународно ниво од страна на грчката Влада. Раководството на Северна Македонија секојдневно, сè повеќе се оддалечува од добрососедските односи што го претставуваат јадрото на европското законодавство и меѓународното право“, пишува во соопштението од грчкото МНР, а јави дописничката на МИА од Атина.

Претходно и опозициската грчка партија СИРИЗА која беше на власт кога беше потпишан Преспанскиот договор, ја осуди за иредентизам македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, по нејзината вчерашната средба со Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.

Грчкиот премиер Киријакос Mицотакис го информирал Европскиот совет дека Сиљановска Давкова и Мицкоски го кршат меѓународниот Преспански договор.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ