вторник, 22 октомври 2024
Изјава на грчкиот премиер во Брисел

Mицотакис го информирал Европскиот совет дека Сиљановска Давкова и Мицкоски го кршат меѓународниот Преспански договор

ЕУ перспективата на Северна Македонија поминува преку почитување на меѓународните договори, кажал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред Европскиот совет и посочил на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и на премиерот Христијан Мицкоски дека директно го прекршуваат Договорот од Преспа нагласувајќи дека е неопходно сите да разберат дека „почитувањето на европското законодавство, очигледно поминува преку верното почитување на меѓународните договори“.

Објавено на

часот

Сподели

„Со оглед на тоа што имаше дел за прашањата за проширувањето, презедов иницијатива и ги информирав моите колега во Европскиот совет за случувањата во Северна Македонија, за фактот што и претседателката и мандатарот за премиер всушност директно го прекршуваат Договорот од Преспа, игнорирајќи го во пракса ерга омнес и избирајќи да користат друго име, а не уставно дефинираното име на земјата, за внатрешна употреба, што е целосно спротивно на духот на Договорот од Преспа, рече Мицотакис на прес-конференција во Брисел по Самитот на ЕУ.

За оваа „непријатна разврска“, како што кажа, ги информирал неговите колеги и тој уште еднаш посочи дека ЕУ перспективата на земјата поминува преку почитување на меѓународните договори.

„Апсолутно јасно ставив до знаење дека доколку Скопје инсистира на оваа линија, тоа, во суштина ќе го направи исклучително тежок, ако не и во пракса да го поништи, секој процес на брза конвергенција со европското семејство. Така што, мислам дека треба сите да ги разберат последиците од своите постапки и да знаат дека почитувањето на европското законодавство, очигледно поминува преку верното почитување на меѓународните договори што се потпишани, во овој конкретниот случај, од двете страни“, рече Мицотакис.

Инаку, вчера и бугарскиот премиер Димитар Главчев најави дека ќе го информира Европскиот совет за прекршувањето на договорите со Бугарија од страна на новата македонска влада. Главчев не ја исклучи можноста заедно со Грција двете земји да преземат мерки кон македонската влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ