вторник, 22 октомври 2024
Реакција

СИРИЗА ги осуди „иредентистичките ставови“ на Сиљановска Давкова за Егејска Македонија

СИРИЗА недвосмислено ги осудува иредентистичките ставови на претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, за наводна Егејска Македонија, со кои грубо се крши членот 4 од Договорот од Преспа, се вели во реакцијата на грчката опозициска партија по вчерашната средба на македонската претседателка со делегацијата од Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН. СИРИЗА ја повикаа грчката влада да го интернационализира прашањето.

Објавено на

часот

Сподели

„Ја повикуваме Владата на Мицотакис конечно да се разбуди од дипломатската летаргија во која западна и веднаш да го интернационализира прашањето, со цел Владата на Северна Македонија да се најде соочена со своите одговорности, кои се однесуваат и на нејзиниот пристапен процес во ЕУ и на воведувањето санкции за оние го прекршуваат Договорот од Преспа според законодавството на САД од 2021 година“, соопштија од СИРИЗА.

Од партијата, која кога беше на власт го постигна Договорот од Преспа со тогашната македонска влада, ѝ порачаа на грчката влада дека „сноси тешка одговорност за штетите што ги нанесе на националните интереси“ на Грција.

„Владата на Мицотакис води неодговорната надворешна политика избегнувајќи сите овие години какво било активно вклучување во Договорот од Преспа за да ги одржи внатрепартиските рамнотежи“, се вели во  реакцијата на СИРИЗА. 

Инаку, реакцијата е поради вчерашната средба во кабинетот на претседателката на Македонија, Сиљановска Давкова на која таа порача да не се релативизира судбината на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ