сабота, 26 октомври 2024
Не сакаше да го каже името на нашата земја

Грчкиот селектор провоцира: Ќе играме два меча против Скопје

Селекторот на грчката ракометна репрезентација, Георгиос Заравинас не сакаше да го каже името на нашата земја, ниту со придавката Северна, нѐ нарече Скопје.
 

Објавено на

часот

Сподели

Ракометната репрезентација на Македонија на 3. и 4. ноември игра два пријателски натпревари против Грција во Солун, а селекторот на нашиот јужен сосед упати провокација.

Во интервју за официјалната страна на грчката ракометна федерација, селекторот на Грција, Георгиос Заравинас вели дека играат две силни пријателски средби со Скопје. Гркот избегнуваше да го каже името на нашата земја.

„Во Солун ја одработуваме првата недела од подготовките за првиот настап на ЕП, фаза е исклучително важна за нас поради што ќе играме две силни пријателски средби против Скопје. За нас е важно да имаме силни пријателски средби против земји што во последниве години биле постојано присутни во финалните фази од европските и светските шампионати. Ќе испробаме некои работи, ќе консолидираме некои наши посилни особини и ќе се обидеме да вклучиме некои нови имиња поврзувајќи го сениорскиот со младинскиот национален тим“, изјави грчкиот селектор, Георгиос Заравинас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ