Граничниот премин е затворен за камиони од 7 октомври, кога Хамас изврши напади врз јужните израелски населби, по што израелската армија започна офанзива во Газа. До почетокот на декември, Израел ги отфрлаше повиците од ОН и другите да го отвори преминот, но се согласи да го отвори минатата недела.
„Од денеска, камионите на ОН со хуманитарна помош ќе бидат подложени на безбедносни проверки и ќе бидат испратени директно во Газа преку Керем Шалом“, објави израелската управа одговорна за координација на активностите со палестинските територии (КОГАТ).
Објавени се и фотографии од камионите нанижани заедно, јави германската агенција ДПА цитирајќи ја изјавата на КОГАТ дека на тој начин ќе се зголеми дневната сума на помош за Газа. Поради катастрофалната хуманитарна ситуација во опколената и блокирана палестинска енклава, Израел беше под силен меѓународен притисок, вклучувајќи ги и САД, најблискиот сојузник на Израел.
Досега, ограничени количини хуманитарна помош се испратени од Египет преку преминот Рафах, што не е доволно опремен за проверка на голем број камиони.