сабота, 26 октомври 2024

Гранатирани избирачки места во регионот Херсон

Украинската војска гранатираше избирачки места во Каховка и Бриљивка во областа Херсон, соопшти регионалната изборна комисија.

Објавено на

часот

Сподели

Според руските медиуми, во Каховка нема жртви, но во Бриљивка има ранети и во моментов им се дава помош.

Во тек е евакуација на луѓето што дошле да гласаат.

Во Русија вчера официјално почна гласањето за осмите претседателски избори. Избирачките места се отворени три дена, до недела навечер. Во регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, кои Русија од октомври 2022 година ги смета за своја територија, процесот на гласање ќе трае цела недела, од безбедносни причини и да им се обезбеди можност на припадниците на вооружените сили да гласаат.

Кремљ се надева на голем одѕив за да покаже дека земјата е обединета со Путин на чело.

Вкупната излезност утрото на вториот ден од изборите беше речиси 38 отсто. Некои од најголемите бројки, близу 70 отсто, се забележани во Белгородската област, каде што се случи ракетен напад, и во украинските провинции под контрола на Русија, каде што Киев тврди дека гласањето е нелегално и неважечко.

Владејачката партија Единствена Русија во саботата соопшти дека се соочува со т.н. дистрибуирано оневозможување услуги (ДДоС), сајбер-напад чија цел е да го оневозможи интернет-сообраќајот, како и дека ги исклучила сите неесенцијални услуги за да се одбрани од него.

За време на гласањето во петокот имаше неколку протести, вклучително и истурање обоена течност во гласачките кутии и фрлање молотов коктел на избирачко место во родниот град на Путин, како и сајбер-напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ