четврток, 25 јули 2024
Презентација на истражувањето за деловната клима во Македонија

Граф: Ќе има уште повеќе германски инвестиции ако бидат појасни реформите

Објавено на

часот

Сподели

Германските компании остануваат на своите одлуки за инвестиции и со актуелните политички случувања во државава, но би имало повеќе инвестиции доколку бидат појасни реформите, смета заменик-амбасадорот на Германија  во државава Ото Граф. 

На презентацијата на истражувањето за деловната клима на Делегацијата на германското стопанство во Македонија АХК и Македонско-германското стопанското здружение, Граф одговараше на новинарски прашање за влијанието на политичките случувања во државава и блокираните реформски активности во Собранието на работењето на германските компании, како и за одделни најавени инвестиции.

„Во последните седум месеци има нови побарувања за инвестиции тука во Северна Македонија, некои се мошне конкретни, но и покрај тешката политичка состојба што вие ја опишавте, сепак тие компании се држат до своите одлуки, но сепак сметам дека би имало уште повеќе побарувања за инвестиции тука, доколку бидат појасни реформите“, рече Граф. 

Како конкретен пример во зголемување на инвестициите ја наведе компанијата „Костал“, која дополнитено инвестира 50 милиони евра во проширување на своите капацитети, со што вкупната инвестиција е 130 милиони евра и 400 нови работни места. Со ова, додаде тој, германските инвестици би се нашле некаде на врвот на новите инвестици. 

Мора да биде јасно, потенцираше тој, дека реформите се првенствено за подобрување на животот на луѓето кои живеат тука.

„Досега имавме инвеститори што секогаш биле поддржани при решавање на стратешки прашања. Ако сакаме да имаме добра економска структура каде компаниите можат да се развиваат одлулувачки е да речеме во делот на администрацијата да имаме зголемена ефикасност бидејќи на тој начин би можеле да имаме повеќе инвеститори“, рече Граф.

Во однос на  германската инвестиција со ветериниците, најавена во време на поранешниот премиер Зоран Заев, Граф рече дека проектот политички е одлучен, но сѐ уште чекаат на крајниот  потпис.

„Доста сме оптимисти дека наскоро ќе го добиеме, но во основа тоа би било навистина најголемата германска инвестиција спроведена некогаш тука и мошне сме заинтерсирани за ова. Секојдневно сме во преговори, недостигаат последните детали и во секој случај сме доста оптимисти“, рече Граф. 

Прашан до каде е реализацијата на инвестицијата на „Лидл“ исто така посочи дека се големи оптимист и со тој инвестициски партнер се чекори напред. 

Според Граф,  за државава е многу важно преку „Лидл“  да се понудат земјоделски производи во цела Европа.

„’Лидл’  е инвестициски партнер, чекориме напред, но не се наоѓа во крајна фаза. Оптимисти сме, сметам дека Лидл во секој случај ќе инвестира многу пари и ќе отвори многу работни места. Не смее да се потцени дека еден ваков супермаркет ќе направи голема инвестиција, но сметам  дека е многу битно за самата држава да се понудат земјоделски производи преку „Лидл“ во цела Европа. Колку повеќе Северна Македонија се приближи кон Европската  Унија, толку побитна ќе биде темата за земјоделие, бидејќи ќе се постави прашањето како ние како мала држава може да опстанеме на европскиот пазар, а еден од начините е со продажба на земјоделски производи во цела Европа. Сметам дека ова е мошне битно за луѓето во државата“, смета заменик-амбасадорот Граф. 

Како што оцени и покрај предизвиците во стопанството има позитивни показатели, кои укажуваат на задоволството на присутните инвеститори. Ова, според анкетата, го поткрепува фактот што 80 отсто од анкетираните компании повторно би ја избрале Македонија како локација за реализирање на својата инвестиција

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ