Градоначалникот Јакимовски доби извинување за издадената умреница наместо венчален извод
Од Управата за водење на матичните книги попладнево упатија јавно извинување до градоаначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски за грешката при издавањето на извод. Јакимовски денеска одржа прес-конференција на која кажа дека неговиот син и неговата снаа по два и пол часа чекање, наместо венчален лист, добиле извод на умрени лица. Тие се сега во шок, секоја годишнина од брак ќе се присетуваат на овој страшен настан, рече Јакимовски.
Објавено на
часот