сабота, 27 јули 2024
Изјава на градоначалникот и претседателски кандидат

Јакимовски: Од црн поцрн хумор, на син ми и снајката наместо венчален, им е издаден извод на умрени

„Замислете, мојата снајка и мојот син побараа извод од матичната книга на венчани, чекаа два и пол часа и го добија овој извод – извод од матична книга на умрените! Денот на нивната венчавка е впишан како ден на смрт. Овие млади луѓе се во шок, можете да замислите секоја годишнина од бракот на што ќе ги потсетува?“, изјави градоначалникот на Карпош и кандидат за претседател на Македонија, Стевчо Јакимовски.

Објавено на

часот

Сподели

Јaкимовски рече дека прес-конференцијата би требало да ја држат синот и неговата сопруга, но нагласи дека тие се во шок.
Тој го покажа изводот и рече дека на него е потпишана Дијана Антониевиќ, како што оцени, веројатно таа е кадар на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи, како што додаде, не е Албанка и не може да е кадар на ДУИ.
„Економските причини за иселување веќе не се оние кои ги бркаат младите. Се давиме во хаос на секое поле. Со вакви ‘перспективни’ и ‘талентирани кадри’ е наполнета држвната и јавната администрација. Имаме илјадници примери на црн хумор со партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ и, што е најбитно, и на нив не им чини администрацијата во зависност дали се власт или опозиција“, рече Јакомовски.
На крајот од својата изјава Јакимовски рече дека и овој пример е една од причините зошто се кандидирал за претседател на Македонија, за да се поправат работите на подобро, нагласи тој.
„Малку останавме политичари од Титово време кои што знаат како функционира држава. Сѐ друго е резултат на кампања и лепење плакати“, изјави претгседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ