понеделник, 21 октомври 2024

Гостиварец однел автомобил на поправка, останал и без него и без пари

Вчера попладне во ОВР Гостивар, 45- годишник од гостиварско село пријавил дека бил измамен од Б.Џ. од Гостивар за сума од 1.800 евра.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Според пријавеното, во февруари измамениот му оставил возило на поправка и му ги дал парите, а пред еден месец Б.Џ. го известил дека возилото го дал на лице во Тетово да ја заврши работата. Како што е пријавено, во телефонски разговор лицето од Тетово го известило дека возилото е поправено и откако Б.Џ. ќе му надомести за завршената работа ќе можат да си го земат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ