„Успешно спроведовме операција на окупираниот Крим. Непријателот го крие обемот на штетата и бројот на жртвите“, објави Буданов на својот канал на Телеграм.
Сергеј Аксјонов, гувернерот на Крим што беше поставен од Москва, претходно на Телеграм напиша дека е планирана привремена евакуација на околу две илјади луѓе од областа Кировски на анектираниот полуостров. Причина за евакуацијата е пожар што избувнал на воените полигони, јавува руската државна новинска агенција Тасс.
July 19th, multiple secondary explosions at the Starokrymsky training ground in Crimea, which has been used, among other things, to train the 56th Guards Air Assault Regiment of the Russian army. pic.twitter.com/oj1CgZt1io
— Mark Krutov (@kromark) July 19, 2023
„Планирана е привремена евакуација на населението од четири населени места. Вкупно се работи за околу 2.000 луѓе“, рече Аксјонов. Тој потврди дека блискиот автопат Таврида е затворен. Поради пожарот е формиран кризен тим. Претходно, новинската агенција РБЦ-Украина објави дека имало експлозии на воените полигони за обука.
Украинските медиуми и руските канали на Телеграм поврзани со руските безбедносни служби јавуваат дека складиштето за оружје всушност е во пламен по воздушен напад на Украина во текот на ноќта. Серхиј Братчук, портпаролот на воената управа на Одеса, објави две видеоснимки од пожар во ненаселена област, со опис: „непријателско складиште за оружје, Старји Крим“.