Бохум е прв над зоната за испаѓање, а денеска загуби на свој терен од Штутгарт со 3-2. Тие им се директен конкурент во битката за опстанок и се наоѓаат веднаш под нив.
Меѓу дел од навивачите на Бохум постоеше толку големо незадоволство од резултатот, што очигледно силно го испровоцирале голманот Мануел Риман кој тргна да се тепа со нив.
Римен се качи на трибините и влезе во жестока расправија со навивачот, имаше и физички дуел. Соиграчот Кевен Шлотербек и техничкиот директор Марк Летау се обидоа да ја спасат ситуацијата, реагираа и другите навивачи и обезбедувањето за да не биде уште поголем инцидентот.
WTF is this?! Vfl Bochum keeper and unhappy fan… pic.twitter.com/J1R2sbn18j
— Topliss at the Turnstiles (@Topliss94) April 9, 2023