понеделник, 25 ноември 2024

Големи немири во Франција поради убиството на тинејџерот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин го осуди „неподносливото насилство врз симболите на Републиката“ и додаде дека биле запалени или нападнати градските собранија, училиштата и полициските станици.

Тој ѝм се заблагодари на полицијата и на пожарникарите и порача дека треба да се засрамат сите кои не повикале на смирување на ситуацијата.

Во Кламарт, во југозападното предградие на Париз, ноќеска бил запален паркиран трамвај. Пожарот подоцна бил изгаснат, но трамвајската линија е сè уште затворена.

Ситуацијата во Нантер, на петнаесетина километри од Париз, повторно стана тензична. Запалени се десетина автомобили, контејнери и бариери поставени на патот. На фасадите на зградите се закачени натписите „Правда за Нахел“ и „Полицијата убива“.

Судирите со полицијата траеле до 1 часот во населба каде веќе имало судири меѓу жителите и припадниците на силите на редот, кои на фрлањето на камења одговориле со солзавец.

Околу дваесетина општини во Сена-Сен Дени, департман североисточно од Париз, ги пријавија пожарите, објави полициски извор, додавајќи дека на местото на настанот секој пат се активни многу мобилни групи од околу стотина луѓе. Сега постои загриженост во инаку мирните предградија.

Во Есон, јужно од Париз, бил запален автобус од кој патниците излегле, информираат полициски извори.

Судири избиле и во кварт во Тулуз, а од тоа место се издигал густ црн чад. Група млади запалиле канти за ѓубре и автомобили, а фрлале предмети кон полицајците и пожарникарите. Уапсени се 13 лица, а ситуацијата се смирила во текот на ноќта.

Синоќа во Ној-сур-Марн, на 13 километри од Париз, биле запалени сите седум полициски автомобили кои биле во станицата, а пожарот се проширил и на соседната зграда, во која се сместени просториите на општинската полиција и градските служби за домување. На пожарникарите ѝм требале час и половина за да го изгаснат пожарот.

Насилства биле забележани и во други региони низ земјата, како што е Лион, каде припадниците на полицијата биле гаѓани со пиротехнички средства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ