Цел на нападот може да бидат божиќните богослужби во катедралите во Келн, Виена и Мадрид, пишува германски Билд.
Неколку лица се уапсени, а според весникот, екстремисти од Таџикистан наводно сакале да извршат напад во име на Исламската држава од провинцијата Хорасан (ИСКП).
Се наведува дека неколку осомничени биле уапсени во виенската област Отакринг, а друг осомничен бил совладан во областа Сар.
Кучиња за откривање експлозив биле донесени во Келн и со часови барале експлозив во катедралата.
Портпаролот на полицијата во Келн соопшти дека полицијата презела посебни заштитни мерки од саботата вечерта.
Меѓу потенцијалните цели се божиќните богослужби во Келн, Виена и Мадрид.
Кога станува збор за Келн, можната закана била поврзана со дочекот на Новата година.
Како што објави германски Блид, и во Виена биле извршени две апсења. Виенската полиција соопшти дека поради досегашната проценка на Службата за заштита на Уставот и континуираното зголемување на нивото на тревога од терор, во Австрија за време на новогодишните празници постои зголемен ризик.
Имајќи предвид дека терористичките актери ширум Европа повикуваат на напади на христијанските празници, особено околу 24 декември, безбедносните власти ги зголемија соодветните безбедносни мерки на јавните простори во Виена и низ цела Австрија, јавните објекти се под засилен надзор.