вторник, 26 ноември 2024

Голем пожар во фабрика за ајфон, повредени се најмалку 12 лица (ВИДЕО)

Најмалку 12 лица се повредени и хоспитализирани по големиот пожар што избувна денеска во фабриката Тата електроникс во јужна Индија, индустриска фабрика која произведува компоненти за Епл ајфон.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Овој инцидент е последен во низата настани кои имаа негативно влијание врз понудата на телефоните на Епл на светскиот пазар во време кога оваа голема американска корпорација се обидува да го прошири производството надвор од Кина и ја смета Индија за клучен пазар кој може да донесе раст, пренесува Ројтерс.

Пожарот избувна во фабрика во градот Хосур во државата Тамил Наду, во близина на друга зграда во комплексот Тата, која ќе произведува комплетни за ајфон телефони во наредните месеци.

„Пожарот е изгаснат, но сѐ уште има многу чад“, изјави К.М.Сарају, висок функционер на локалната администрација.

Тата Електроникс е еден од главните производители на ајфон во Индија, заедно со Фокскон. Компанијата соопшти дека ја истражува причината за пожарот и дека ќе ги преземе неопходните чекори за да ги заштити вработените и другите засегнати страни.

„Се случи несреќен инцидент“, рече портпаролот на Тата Електроникс во соопштението. „Нашите протоколи за итни случаи во фабриката обезбедија сите вработени да бидат безбедни“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ