Голден стајт и Мајами синоќешните натпревари ги почнаа со водство од 3-1 во партии, но ќе мора да одиграа уште некој меч за да дојдат до четвртата победа.
Мечот меѓу Голден стејт и Лејкерс беше неизвесен во првиот дел, но во второто полувреме домаќините дојдоа и до +18 разлика, го контролираа резултатот и на крајот славеа лесна победа од 121-106.
Стеф Кари со 27 поени беше најдобар поединец на Голден стејт, Вигинс постигна 25, Грин имаше 20 поени и 10 скокови. Во составот на Лејкерс, Леброн Џејмс постигна 25 поени, Дејвис имаше 23.
Мајами имаше одлично отворање на натпреварот во Њујорк, првата четвртина ја доби со 24-14, но работите потоа се променија, на полувремето домаќините водеа со 50-47. Во вториот дел тимот на Никс ја зголемуваше предноста и на крајот дојде до победа од 112-103.
Брансон беше фантастичен со 38 поени, Барет постигна 26, Рендл 24. Кај Мајами најефикасен беше Батлер со 19, Адебајо постигна 18.
Резултати: Њујорк – Мајами 112-103 (2-3), Голден стејт – ЛА Лејкерс 121-106 (2-3)