недела, 20 октомври 2024

Ѓоковиќ ги загрижи фановите пред Австралија опен, се мачеше со повреда на меч од Јунајтед купот

Новак Ѓоковиќ со 2-1 го совлада Чехот Јиржи Лехечка и изедначи на 1-1 во дуелот меѓу Чешка и Србија на Јунајтед купот, но српскиот тенисер во текот на мечот двапати бараше лекарска помош.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-1, вториот го загуби во тајбрејк, а третиот решавачки го доби исто така убедливо со 6-1.

Претходно Олга Даниловиќ загуби од Маркета Вондрушова, па победата на Ѓоковиќ беше за израмнување на 1-1 во дуелот меѓу Србија и Чешка.

Победата на Ѓоковиќ иако беше убедлива, не беше најпријатна за гледање на неговите фанови. Српскиот тенисер се мачеше со повреда на зглобот на раката, во текот на мечот двапати бараше медицинска помош.

Тој го отакажа дуелот во мешани двојки кој требаше да биде решавачки. На местото од Ѓоковиќ настапи Меѓановиќ, тој и Данилови беа подобри од чешката мешната двојка, па Србија со 2-1 го доби дуелот.

Повредата на Ѓоковиќ доаѓа во непријатен момент, непосредно пред Австралија опен, но Србинот би требало да биде во топ форма за големиот грен слем турнир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ