недела, 20 октомври 2024
Големо признание за српскиот тенисер од „Л'Екип“

Ѓоковиќ е најдобар спортист за 2023

Реномираниот француски спортски медиум, „Л’Екип“ го прогласи Новак Ѓоковиќ за најдобар спортист во светот за годината која изминува.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ имаше фантастична сезона освојувајќи три од четирите грен-слем титули, а сега пред крајот на годината ги жнее наградите за најуспешен.

Една од попрестижните е таа која ја доделува „Л’Екип“. Овој медиум го прогласи Ѓоковиќ за најдобар спортист во 2023 година.

На второто место се најде пливачот Леон Маршанд, а трет е возачат на Ферари, Макс Ферстапен.

За Ѓоковиќ ова е второ вакво признание од „Л’Екип“, претходно беше прогласен за најдобар во 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ