петок, 18 октомври 2024
Ролан Гарос

Ѓоковиќ: Алкараз е број еден, но му треба уште многу за да биде како Надал, Федерер и мене

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот тенисер ќе има исклучително тешка задача против тенисерот кој во моментов е број еден на АТП листата.

Ѓоковиќ има само пофалби за Алкараз, но вели дека патот за Шпанецот е долг до височината која ја достигнаа тој, Федерер и Надал.

„Алкараз е број еден во светот, игра врвен тенис и се однесува многу зрело на теренот. Секогаш е позитивен и се бодри сам себе. За мене, тој е најголем фаворит на турнирот, тоа го кажав уште пред да дојдеме тука. Не знам колку ќе може да ми помогне искуството, но ќе бидам подготвен и за најдолг меч на турнирот. Алкараз е играч кој привлекува се повеќе внимание, но се уште не може да го споредиме со Надал, Федерер или со мене. Тој мора уште многу да весла за да дојде до таа тениска височина, но мора да се каже дека е на вистинскиот пат“, изјави Новак Ѓоковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ