Седлоски е четвртиот тренер оваа сезона на вардарци, претходно на кормилото беа Горазд Михаилов, Горан Петрески и Срѓан Захариевски.
„АД ФК Вардар го назначи Гоце Седлоски за нов шеф на стручниот штаб на клубот“, стои во краткото соопштение на Вардар.
Ова е и враќање на Гоце Седлоски на тренерската позиција на Вардар каде што претходно беше од 2015 до 2017. Во тој период двапати беше шампион на Македонија со црвено-црните.