петок, 18 октомври 2024

Глобалната воена потрошувачка во 2022 достигнала историски рекорд, најмногу трошеле САД и Кина

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е поттикнато од војната во Украина, која го зголемува европското буџетско трошење, но и од нерешените и сè полоши тензии во источна Азија меѓу Кина и САД“, кажа за Франс прес истражувачот Нан Тијан, еден од коавторите на студијата.

Државите од Европа минатата година потрошила 13 отсто повеќе на своите војски отколку во 2021 година. Таа бројка не ги зема предвид острите стапки на инфлацијата, што значи дека реалното трошење било дури и поголемо, соопшти аналитичката група.

Ова е најсилниот пораст во повеќе од 30 години и враќање на нивото на трошење од 1989 година, кога падна Берлинскиот ѕид. „Во Европа е на највисоко ниво од крајот на Студената војна“, кажа Тијан.

Самата Украина го зголемила своето трошење седум пати на 44 милијарди долари или третина од својот БДП. Земјата дополнително имала корист од милијарди долари донации во оружје од странство, забележува СИПРИ. Во исто време, руското трошење пораснало за 9,2 отсто. „Без оглед на двете завојувани нации, европското трошење и понатаму поприлично се зголемува“, вели Тијан.

Потрошувачката во Европа, која во 2022 изнесувала вкупно 480 милијарди долари, веќе пораснало за третина во минатата деценија, а се очекува тој тренд да продолжи да се забрзува во текот на следната деценија. Континентот потенцијално би можел неколку години да има нивоа на раст слични на 2022, смета Тијан.

По наглиот пад во 1990-тите, глобалните воени трошоци се во пораст од 2000-тите. Порастот најпрво бил резултат на големите вложувања на Кина во нејзината војска, по што следеа обновените тензии со Русија по анексијата на Крим во 2014.

Само САД сочинуваат 39 отсто од глобалните воени трошоци. Заедно со Кина, која е на второто место со 13 отсто, сочинуваат повеќе од половина на светското воено трошење. Следните во низата поприлично заостануваат, со Русија со 3,9 отсто, Индија со 3,6 отсто и Саудиска Арабија со 3,3 отсто.

Британија е најголемиот потрошувач во Европа, на шестото место, и на неа отпаѓаат 3,1 отсто од глобалните воени трошоци. Потоа следат Германија со 2,5 отсто и Франција со 2,4 отсто, а тие бројки го вклучуваат и оружјето за Украина. Британија, вториот најголем донатор на Киев по САД, „троши повеќе од Франција и Германија, а дала и повеќе воена помош од Франција и Германија“, кажа Тијан.

Земјите како Полска, Холандија и Шведска се меѓу европските земји кои најмногу ги зголемиле своите воени вложувања во текот на минатата деценија. Модерното и скапо оружје исто така објаснува некои зголемувања на трошењето, како во случајот на Финска која минатата година купила 64 американски борбени авиони Ф-35.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ