петок, 18 октомври 2024

Ѓуретановиќ последен на 400 метри слободно на олимпијадата во Париз

Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ имаше слабо издание на Летните олимписки игри во Париз, заврши како последен во квалификациите на 400 метри слободен.

Објавено на

часот

Сподели

Никола Ѓуретановиќ е првиот македонски олимпиец со настап во Париз, 16 годишното момче денеска се појави во трката на 400 метри слободно.

Тој се најде во првата група во квалификациите на оваа делница и се прикажа во слабо издание, постави време од 4:05.38 што беше доволно само за последното место.

Македонскиот пливач исплива дури три секунди послабо од неговото пријавено време за Летните олимписки игри во Париз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ