среда, 30 октомври 2024

Ѓорческа со само два загубени гејма ја прегази втората носителка во Португалија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше маестрална партија против канаѓанката Ребека Марино која беше втора носителка на турнирот во Португалија кој се игра за награден фонд од 100.000 долари.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорческа го доби мечот за само 56 минути игра со два идентични сета од по 6-1 и 6-1.

Ребека Марино е значително подобра од Ѓорческа на ВТА листата, во моментов е 151., а била и на 38. место.

Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против Кристина Младеновиќ од Франција која е 232. место на ВТА листата, но оваа тенисерка во 2017 година беше и на 10. место.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ