петок, 18 октомври 2024

Ѓорческа со пресврт до голем триумф на силниот турнир во Португалија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со 2-1 во сетови ја победи петтата носителка, Ариане Хартоно (163. место ВТА) од Холандија на турнирот во Португалија кој се игра за награден фонд од 100.000 долари.

Објавено на

часот

Сподели

Лина сите три сета ги почна со водство од 1-0. Во првиот сет поведе и со 2-0, но Холанѓанката направи серија од 3-0, дојде во водство, а потоа и го зема сетот со 6-4.

Во вториот сет Ѓорческа имаше целосна доминација, го доби сетот со 6-2 и изедначи на 1-1. Во третиот решавачки сет македонската тенисерка беше подобра со 6-3 за победа од 2-1 во сетови.

Во четвртфиналето нашата тенисерка ќе игра со победничката од мечот меѓу втората носителка Ребека Мерино од Канада и Медисон Инглис од Австралија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ