петок, 18 октомври 2024

Ѓорческа со победа стартуваше на турнирот во Португалија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со победа го стартуваше турнирот во Фигуеира да Фоз, Португалија што се игра за награден фонд од 100.000 долари.

Објавено на

часот

Сподели

Македонката во првото коло ја победи Анастасија Иамачикне од Перу која на турнирот влезе како „лаки лузер“.

Ѓорческа со 6-2 и 6-4 го доби мечот кој траеше 87 минути.

Во следната рунда македонската тенисерка за противничка ќе ја има петтата носителка Ариане Хартоно од Холандија (28 години, 163.место ВТА), која денеска во првото коло ја победи квалификантката од Украина Натерина Володко со 2:0 во сетови (64 63).

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ