Лина Ѓорческа утре ја започнува авантурата на неофицијалното светско првенство во тенис.
Најдобрата македонска тенисерка ќе ги одмери силите со Саша Викери во првото коло од квалификациите на Вибллдон.
Американката е 29-та носителка во квалификациите и во моментов е 138-ма на ВТА листата.
Таа два пати има учествувано на „главниот турнир“, во 2018 година играла и во второто коло.
Мечот меѓу Ѓорческа и Викери се игра на теренот број 9 и е прв на програмата, а почетокот е во 11 часот по локално време односно 12 по македонско време.