петок, 18 октомври 2024

Ѓорческа почна моќно во Порто, со само еден загубен гем го мина првото коло

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со импресивна победа над домашната тенисерка Карла Томаи го почна турнирот во Порто кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Објавено на

часот

Сподели

За разлика од Рим каде Ѓорческа играше на земја и стигна до финалето, турнирот во Порто е на тврда подлога.

Македонската тенисерка ја победи Португалката Карла Томаи со 6-0 и 6-1, мечот траеше само 37 минути.

Утре Ѓорческа ќе има далеку посериозен предизвик, во второто коло противничка ѝ е четвртата носителка, Маја Џоинт од Австралија која е на 161 место на ВТА листата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ