петок, 18 октомври 2024

Ѓорческа по голема борба ја победи Лепченко за пласман во полуфинале

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласира меѓу четирите најдобри во Рим откако со 2-1 во сетови ја совлада американската тенисерка, Варвара Лепченко.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорческа лошо го отвори мечот, Лепченко поведе со 3-0, но следуваше серија на македонската тенисерка со која го доби првиот сет со 6-4 и поведе со 1-0.

Како првиот сет, така почна и вториот, Американката поведе со 3-0, па Ѓорческа го сврте резултатот, но овојпат не заврши како што требаше. При водство од 5-4 во гемови, Македонката пропушти три меч топки на свој сервис, дозволи Лепченко да се врати, да го освои сетот со 7-5 и да изедначи на 1-1.

Неизвесен беше и третиот решавачки сет, во него Лепченко пропушти една меч топка при водство од 5-4, од тој момент Лина доби три гема по ред, го доби сетот со 7-5 за победа од 2-1.

Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра со подобрата од Хрватката Марчинко и Шпанката Маристани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ