петок, 18 октомври 2024

Ѓорческа по голема борба елиминирана во осминафиналето во Порто

Лина Ѓорческа е елиминирана во осминафиналето на силниот фјучерс во Порто, по голема борба, загуби со 1-2 во сетови против Маја Џоинт од Австралија.

Објавено на

часот

Сподели

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа по фуриозниот старт во Порто, денеска доживеа пораз од Маја Џоинт.

По голема борба, тенисерката од Австралија славеше со 1-2 во сетови.

Маја Џоинт го доби првиот сет со 6-2, но Лина Ѓорческа не се предаде и го освои вториот сет по тај-брејк во кој беше 8-6.

Во третиот одлучувачки сет, Лина Ѓорческа одлично тргна и поведе со 3-1, но тука како да застана, па Маја Џоинт ги освои следните пет гејмови за 3-6 и пласман во четвртфинале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ